априорен (прид.)
Никифор Правдољубивиот ќе забележи дека овој непомирлив противник на схоластиката, еден од најсамосвојните ученици на Музеумот, знаеше со иста непосредност да ги толкува Еуклидовната геометрија, Никомаховата теза за априорната егзистенција на броевите во духот на Творецот, најсуптилните финеси на античкиот јазик или да насмее со импровизираниот мим, често пародирајќи се и себе си како несмасен трговец.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
За мене априорен чин е дипломатската мисија, писателската мисија тешко се предвидува.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Види колку се Балканците непроменливи во комуникацијата на одрекувањето, колку само нијанси содржи негацијата не, па никако најчесто како априорен негативен одговор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)