анкета (ж.)
22. ВЕСЕЛ СИ? - СЕ ЖЕНАМ; ТАЖЕН СИ? - СЕ ЖЕНИВ - ете така: по завршувањето на оваа анкета се формираат армиите на стражар и пленик - двата спротивни света на нашата планета...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Речиси како во некоја анкета повеќето од критичарите изнесоа едно сознание за видот на неговото раскажување.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во Чикаго имаше една анкета што се направи меѓу луѓето што сакаа да се женат: им дадоа фотографии на разни жени за да си одберат која би сакале да ја земат за жена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Како што покажуваат анкетите, Американците не се наклонети кон легализацијата на јаки дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во телефонските анкети учествуваат случајно одбрани слушатели.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во светската анкета на весникот Кориере дела сера Борхес како кандидат за Нобеловата награда добива повеќе гласови од Солженицин, кој таа година ја добива наградата на шведската академија. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 226
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Анализи, анкети, личности на ова и она, политички, спортски и културни заклучоци.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
- Ги виде најновите анкети?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Затоа решив да направам мала анкета: На прашањето кој е премиер на Канада, пет души ми одговорија различно, а другите пет немаа појма.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Државен завод за статистика, Активно население во Република Македонија, Резултати од анкета за работна сила, II тримесечје 2015 година, стр. 7.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)