анегдота ж.

анегдота (ж.)

Учениците - штрајкачи стоеја пред гимназијата весело расправајќи анегдоти за професорите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој брзо пиеше, таа, непосредна и безгрижна, се восхитуваше, со детски сјај во очите над многуте анегдоти на богословот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој не го слушаше, само го чувствуваше како тежок презир кон самиот себе, кон оваа глутница што го запрела дишењето за да ја слуша анегдотата за смртта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како Султанот на Шехерезада, СНН ќе обезбеди оправдување на едно место да се собере разновидна збирка од анегдоти, факти, апокрифи, фикции, визуелни, музички и аудио фрагменти, непотполни проекти, недовршени филмови, моментни грижи и намери.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од неговото детство постои една анегдота, кога имал 4-5 години, и кога неговиот татко го пратил во полицијата со некакво писмо.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Николаус Форкел, еден од првите биографи на Бах, вака ја раскажува таа анегдота: Една вечер, додека музичарите се штимале со кралската флејта, еден офицер му ја доставил на кралот листата на новопристигнатите гости.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ги ветија своите биографии и различни анегдоти.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не е важно која беше процедурата на нашето враќање и враќањето на нашата кола (љубезниот британски моторциклист до автопатот; уште пољубезното арапско семејство кое излегло да се повози последниот ден од рамазанот, до Тангер со еден пар средовечни јенки туристи; следниот ден, љубезниот возач од агенцијата за изнајмување коли кој доби добра напојница и, се разбира, имаше дупликат од клучевите; сигурниот чувар на плажата, кој со болно достоинство му објасни на возачот дека мојата напојница од осум дирхеми не е соодветна на тоа што тој „цела ноќ” го чувал нашето сега веќе отклучано комби, но дека уште два дирхеми ќе ја суредат работата); поентата на оваа анегдота со загубениот клуч, на која во меѓувреме едвај и да помислив, сѐ додека оваа дигресија со која купувам време не ја врати, е што...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Имено, во таа анегдота е содржано сѐ што ја убива интелектуалноста во самиот нејзин зачеток: страв пред јавната артикулација на сопствените мисли, прифаќање на елитниот статус на умот, регресија во приватното и контингентното. Маргина 35 41
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Некаде околу 1980-та година меѓу студентите по филозофија во Загреб кружеше необична анегдота.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ова некому може да му личи на анегдота. Но мене – воопшто не!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но таа случка, анегдота спред формата, има сосема сериозен карактер.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа постапка дихотомијата „Ова е песна - расказ е“, и обратно, од Кавга, ја крава над анегдотското.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Покрај споменатата група за божјаците, среќаваме раскази од фолклорен карактер, раскази со поткренат тон во духот на „магискиот реализам“, класични раскази базирани врз некоја случка или лик, кои по правило имаат изведено значење, алегории и параболи од разни видови (кошмарни, поетски) и со различни содржини, анегдоти и др.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Грците ги викаат просвиги и ги сметаат за нешто поразлично од себе и за нив секојдневно се предмет на погрден потсмев и извор на понижувачки анегдоти.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој ми раскажа анегдота дека се исплакал кога го читал расказот „Вечно должни“ од Анѓелко Крстиќ, роден во село Лабуништа, крај Струга.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со огромно задоволство раскажуваше интересни анегдоти или интересни доживувања од неговиот живот, најчесто од периодот на неговите студии во Скопје: еднаш во текот на некое предавање по литература од страна на познатиот српски писател Бранислав Нушиќ (со влашко потекло, исто како Димовци, човек кој ја обожаваше Битола, неколку години живееше таму, дури и се ожени со битолчанка!), Петар скришно нацртал негов портрет – карикатура.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Костадин но и Петар беа момци со посебен оштар дух, имаа огромен репертоар на вицови, анегдоти и досетки и секогаш знаеа многу вешто да ги поврзат или да се инспирираат од темата на разговор и да ги насмеат соговорниците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа слатко се смееше на неговите анегдоти и досетки, а тој уживаше да ја засмејува бидејќи ѝ се насладуваше на бисерната насмевка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе