анасана (чест.)
Блазе си им анасана на граѓаните, тие ете тие живот поминуваат ја, а не како ние селаните ќе испукаме од горештина, пот да ни тече од челото како река.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
— Аферим, бре Ристе, анасана! — вели ќатипчето. — Види, како научил невестата Бојана да правит здраво живо по грацки. Така требит.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ах анасана, како не оплескаме некој!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Царот се замислил троа. Ај, анасана, неќе ја остави кулата недоѕидана. Генералите, викнал. Повикајте ми ги генералите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Ако можат едно ќе можат и две. Анасана, учеле за тоа.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како што чуварот ме здогледа така истовремено вресна и прсна да бега по ходниците викајќи: - Вампир! Вампир во Парламентот! Ај анасана!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- Ај анасана, - вели Турчинот. – Ни тоа не го знаеш.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Бак анасана!“ се чукна налутено мутесарифот по десното колено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Не будали, ибн Пајко“, му рече тој. „Да не мислиш да откажеш? Ех, анасана, та колај работа за турчењето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ама Мехмед -паша здржано се насмевна:
„Бак анасана”, му рече тој, „Немој овде многу да ми се правиш пеливан, Миклош ефенди.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Над ридот полнатa месечина загледува во рововите, бункерите и земјанките во кои расцутува младоста на овие седумнаесет, осумнаесет, деветнаесет и дваесетгодишни момчиња и моми... кои растат и созреваат во долгите ноќни маршеви под дожд и снег, во мракот на густите магли, во студените и влажни земјанки, меѓу карпите и камењето, во рововите и бункерите, во непрестајните борби во кои од студенилото и вжештената цевка на оружјето, ја изгубија нежноста и топлината на дланките... Ех, анасана!...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)