амбис м.

амбис (м.)

Најсетне сфаќа. Доцна. Премногу доцна. Но сфаќа: амбис без дно... Ужас.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја гледаше карпата над својата глава, погледнуваше со страв во амбисот под себе и се прашуваше: да продолжиме да се качуваме или да се вратиме здрави и живи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа синкопирано чувство за пренесување на мислата, таа бесконечна потрага по суштината во суштината на самиот збор која до совршенство беше изнијансирана и искомпонирана во поемата „ТОЈ“, како доказен материјал од претходните песни се појави како амбис пред поетовото создавање.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Таквите работи, изгледа, не ја ужаснуваа: не го чувствуваше амбисот што се отвораше под нозете при помислата дека лагите стануваат вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Договорени се и авторот знае дека треба да внимава зашто ако не внимава не му гине колата да ја истера од патот во некој ендек а можеби и некој амбис.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја заобиколи камената жена од над амбисот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја гледав поразена. Таа, нашата спасителка, излезена од толку траншеја од далечните и од блиските војни, од сиромаштијата, како да беше пред некаков амбис.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„На жената од над амбисот мислиш?” праша мајка ми додека седнуваше да се потпише во бележникот на поштарот за примените пари.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Водата, пак, лојална, се враќа дома, назад: океанот има широка душа првин ќе ѝ прости, потем ќе ѝ го покаже патот - кон амбисот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој трча по неа, како дете. Не гледајќи наоколу, може да падне во амбис.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Акварел Земаш вода, боја, четка ризик, многу ризик плус страст, вишок страст отаде доброто и злото еден нескротлив гест и зафаќаш со еден потег цел несогледлив амбис окно под свеста, под себеси го повлекуваш пругоре вовреното црево го вадиш од дното на сликата без право на дополнителен влог без шанса за поправен испит или прошка и го овоплотуваш змејот прекрасното чудовиште заумната фигура!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со првото пувкање на чадот, острото сознание за неговата состојба и тежината на тоа што требаше да го направи, го обзедоа и во неговата душа предизвика празнина, која потоа премина во амбис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога им снема муниција, за да не бидат заробени од војниците на владината војска се фрлија во амбисот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наместо во амбис, Божји прегратки те згрнаа, те потсети тој, на недовршени задачи.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Сите сме еднакви пред амбисот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Без ни малку достоинство го разлеваат изворот на лакомоста, среброљубието, алчноста, зависта, предавството, љубомората, прељубата, желбата за моќ и богатство, себичноста, зошто повеќе не знаат што сакаат, нивната суетност е нелагодност на умот, нестабилност и постојан немир, без чувство за осет зошто не знаат како да ја задоволат нивната ситна душичка и светот го претвараат во пеколен амбис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога ќе се ослободам од егото и суетата, кога ќе ги симнам маските и костумите, кога ќе се демистифицирам, кога не сум на работ на амбисот, кога имам можност барем за момент да бидам среќна, јас сум едноставна личност која умее да сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)