алкохолизам (м.)
Вкупниот пораст на потрошувачката на јаките дроги нѐ загрижува поради тоа што од историјата на алкохолизмот знаеме дека поголемата потрошувачка предизвикува и потешки општествени и здравствени последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Отплеткувајќи ја полека својата приказна, таа раскажала дека се омажила млада за да избега од дом полн со алкохолизам и вербални малтретирања.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
21 „Важно известување“ - го започна состанокот Томе „со подмлаткарите на Црвениот крст во текот се подготовките за акцијата против пушењето и алкохолизмот, и против дрогата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Призна дека повеќе сакал ресторанот да му се вика Есенин, но не се решил за тоа бидејќи името на овој поет сугерирало алкохолизам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Нема ништо смешно во малтретирањето деца, во алкохолизмот и во ниедна од другите теми што ги прикажува филмот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)