алармира (св. и несв.)
Експертите и економистите алармираат: првите знаци на кризата веќе се пристуни: во Софиско, Плевенско и Варненско се јавува недостиг од извори на слатка вода.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беа вклучени, односно алармирани сите релевантни институции за коишто се сметаше дека се должни да помогнат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во такви услови печатот на САД ја презел на себе активната партиципација во анимирањето на јавноста околу потребата да се напушти изолационизмот и во алармирањето на опасноста од фашизмот не само за Европа туку и за САД, кои се чувствуваа сигурни зад океанот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)