акутен прид.

акутен (прид.)

Кејџ искажува акутна свест за тоа, и неговиот краен напор е насочен кон пронаоѓање на патишта и создавање услови за поголема општествена кохезија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Миграции Наведнати за да ја допреме со рацете, со очите, со думата тонеме во безсознание сѐ додека не се привикнеме на агонијата лепливо индиго на амнезијата нечитлив препис акутна миоптија мултиплицирани глетки сѐ додека не почнеме да наѕираме тихи обриси да насетуваме смисла а таа, пес бездомник куче скитник шуткана натаму-наваму зависно од традицијата од стомакот во гушата, во душникот аурата, срцето долж стопалата по врвовите на прстите, ко подноктица сателитска антена inter-link, inter-face нешто невидливо нечујно светликаво мрачно мазно бодликаво нешто кое држи до себе и до слободата за да може да влегува и да излегува кога ќе посака, да лунѕа севезден ни таму-ни ваму разбиена идеално дома, не-дома таа, а не-таа своја, а не-своја секогаш кога ќе се разместат фигурите ќе се затнат вентилите огништето се згаснува наидува поларен студ - 51° Целзиусов пука филмот прскаат шавовите напукнуваат ѕидовите се прецртуваат границите се митари митот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)