актовка (ж.)
„Да ги сложуваш тие луѓе и да ги редиш на рафт како актофки, не е ни вештина ни новост.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Имав и една мала црна актовка со мои одложувани записи, која ја носев на речиси сите патувања, а која уште на почетокот од ова патување стана опсесивна цел на очите на непознатите албански придружници на патувањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Токму во време на безредието, додека се кинеа постерите, еден човек чие лице не го виде, го допре по рамото и рече: „ Извинете, мислам дека ви падна актовката“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во некое време од денот, на улица, еден човек ќе ве допре по мишката и ќе рече: „ Мислам дека ја испуштивте вашата актовка“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон, сѐ уште со актовката со книгата, што му стоеше меѓу нозете додека работеше и под главата додека спиеше, замина дома, се избричи и речиси заспа во кадата, иако водата во неа беше одвај млака.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А се шеташе низ Скопје како Гестапо - во мантил со актовка, додека беше подвижен и сееше страв.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)