акредитивен (прид.)
Додека Гзиме одеше да ги види децата, во мигот се сетив на првата тајна средба со Јасер Арафат, пред две неполни години, по предавањето на акредитивните писма на едно тајно место, како прв амбасадор на Југославија на државата Палестина, која офцијално не постоеше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имавме и една друга заедничка мака: предавањето на акредитивните писма, вистинскиот официјален вовед во дипломатијата во земјата на приемот. Conditio sine qua non, во мисијата на амбасадорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се сетив на тајното место. Па овде пред неколку месеци на Јасер Арафат, претседателот на еднострано прогласената држава Палестина, му ги предадов акредитивните писма потпишани на 8 јуни 1989 година од тогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Словенецот Јанез Дрновшек, како прв вонреден и ополномоштен амбасадор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)