адресира (св. и несв.)
Беа две писма. Едното адресирано до „Дедо Димо -Војводата“, другото, со друг ракопис, до Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Христијанската доктрина учи дека човекот мора да го загуби својот живот за да го пронајде, и тоа не е чиста софистичка проповед од Отсекот за изгубени и пронајдени работи, бидејќи човек стварно може да пронајде нешто што претходно не изгубил: паричка во трева; порака во шише адресирана на некого; совршено добар пар женски наочари за сонце на пет метри длабочина на еден корален остров и, плутајќи блиску, палимпсестна страница од некој роман или кус расказ (повеќе читлива отколку разбирлива, барем вон контекстот, наспроти потопувањето), како некоја сирена да е прекината среде читање; сјаен нов животен партнер; наративен глас со кој може не само да се почне туку и да се продолжи понатаму и понатаму и понатаму предвидливата приказна.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Затоа, кога дојде писмото од Марија, адресирано до него, не му го дадоа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тој го пишуваше дневникот за О'Брајан: тоа беше како некое бесконечно писмо кое никој никогаш нема да го прочита, но кое беше адресирано на една одредена личност и кое добиваше тежина од тој факт.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога ме испраќаше на скалите, ми довикна: - Немој да заборавиш да го адресираш писмото за Игбал, па утре ќе го испратиме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го адресирав пликото што го пронајдов во фиоките заедно со другите празни плика и хартии на мајка ми, со надеж дека ќе стигне во Гоа, тогаш кога Игбал ќе биде таму.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка, охрабрена од смирувањето на Татко, стана, го засили гласот на радиото во форма на паун, од кое се ширеше тивка музика, па продолжи со нежен, ведар глас: – Се сеќаваш ли, мили, се навестуваше крајот на зимата на 1939 година, беше чинам крајот на февруари, пролетта се насетуваше во воздухот кога дојде дома, еден ден, со писмо од градоначалството, испратено за нас, од Тирана, упатено на мое име? – Се сеќавам, како да не се сеќавам. Писмото беше адресирано од Рим.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ова откритие беше доволно. Ми стана јасно дека писмото било превртено наопаку, како ракавица, па повторно адресирано и запечатено.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Писмото, во писмо беше адресирано на адресата на неговиот другар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На враќање ги собра писмата од сандачето. Набрзина фрли поглед на сите. Сите беа за комунални давачки адресирани на машина за пишување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)