адресар (м.)
Згужвано топче нови јени, излитено адресарче стегнато со ластичиња, банковен чип од „Митсубиши“, јапонски пасош со златна хризантема отпечатена на кориците и кинеска 22- ка.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Одеднаш требаше сѐ да се менува: адресарите и адресите, јазикот и имињата, идентитетот...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Оној кој доаѓа од Гурок има адресар во левиот џеб (навистина имаше), во кој, ако сега го извади, отвори и погледне во него (тој го стори тоа) ќе погледне во извесен телефонски број (тоа беше бројот во кој тој гледаше).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во првото кафеанче седнав да испијам кафе, ја пикнав раката во кожната ташна што ја носев обесена на рамо, а која сега ја имав положено на масата пред себе, и го најдов својот адресар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го побарав својот адресар, а потоа почнав да ги подготвувам алиштата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)