адолесцент м.

адолесцент (м.)

Тој има талент на вродена авторитарност (пак типично за еден балкански лидер, т.е. како што велите вие, господине Бузони - „гуру“) која просто се наметнува, особено кон адолесцентите, но богами и кон алтернативните интелектуалци, пософистицираните бирократи, па дури и кај бунтовните пензионери. Тоа е еден пример.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Американскиот професор по медиска екологија Neil Postman во познатата книга Amusing Ourselves to Deth (1985) загрижено говори за сѐ почестите обиди конечно и во образованието да воведат малку „аудиовизуелен нихилизам“, постмодерност, „прилагодување во корист на адолесцентските склоности“ (Finkielkraut).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Патиките така обезбедуваат непосреден контекст за оние кукли врз кои се менува топографијата и распоредот на половите органи, така што пенисите, налик на избликнати бубулици, се појавуваат и врз лицата на адолесценти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој гледаше во мене воодушевено; очите му сјаеја како на младич; му реков дека ме става во многу неудобна ситуација, и дека, ако некој помине и види дека среде пладне му го покажувам стомакот на некој непознат маж, ќе ме прогласи за луда; му реков дека имам ќерка и дека годините не ми се за адолесцентни забави под некакво дрво, но тој не попушташе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)