ага м.

ага (м.)

- Ојде син ми, он побегна, а па ја ним казвам: - Аги мили, аги златни, жи' ви турска вера, жи' ви вера, жи' ви бога, жи' ви Мохамеда, жи' ви турска книга, аги, сина не губете!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Со други зборови, ние пред Турците се кажувавме така како што нема да се налути агата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние свивме глава и не се викавме Срби за да не го налутиме агата. Тој не сакал да се викаме и Бугари; и Бугари не се викавме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Загинавте млади, о јунаци бујни, мажествено, чесно, со пушките в рака, И пред да се кренат бајраците рујни, на агата вие му внушивте мака.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Некој ден ти дошол некој ага, ти си се исплашила. (Седнува, а Антица ја зимаат в среде).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ајде речете некоја ага! Речете ми ја: „Русе седи на мостето, Банџе се вози во чунчето“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И бос и прашен, агата вџашен бега - зафрлил фес...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Бегови, аги крвни си мразел и секој феуд - народен враг, в Република земја сакаше да видиш, - в слобода грејнат татков праг!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Едни објаснуваа на другите дека е поарно сноп да се вади, други велат „пресек“ е поарно, ама „високо посегна агата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Добровечер, Суло ага! — викна од врата Калешко, кој не еднаш му бил гостин на Сулиман-ага во Лагот и му испил некоја и друга ока ракија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А на агите им истекоа очите и само ѕурат: де во нозете, де во градите на Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој ќе слушат царот, голема ага ќе станит.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Постоеше Арслан Сирме, јаничарски ага, на служба при румелискиот беглер-бег Мехмеда и воспитуваше други аџами оглан.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И така направи. По растоварувањето на добиците, отиде право кај агата на дуќан.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Почекај, аго, да видиш...“ - екна песна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И пашата не беше уште ни пристигнат во Ресен, а таму веќе трепереа во смртен страв, собраните во џамијата преспански аги и бегови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По наредба на пашата: агите и беговите, кои вилнееја овде и им го загорчуваа и правеа неподнослив поминокот - не можејќи повеќе да живеат без зулуми, ги напуштаа своите кули и се иселуваа во други краишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Шефот Џемал- ага, е задоволен од неговата штедрост. На чај го кани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Така момче мое! Сиот имот влезе во џебот на Џемал- ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе