авторитативен (прид.)
Овие јазични практики воведуваат начини на зборување и пишување кои се сметаат за рационални, неутрални, и респектибилни, истакнувајќи ја довербата во авторитативниот опис и имперсоналното експертско мислење.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но секогаш ќе постои борба против тие кои ни го планираат животот, борба за индивидуализмот против авторитативноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)