Сатурн (м.)
И додека се смееме на смешните нешта и сериозно ги гледаме сериозните нешта, помислувам, татко ми оди на Сатурн и Нептун и Плутон, но никогаш не ми носи подароци.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А ако умре на Јупитер или Сатурн или Нептун?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ете, не го уби ни Марс ни Венера, ниту Јупитер или Сатурн.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кој знае не ли ќе се сретнат еднаш тие на вселенска журка, на која Сатурн и Венера ќе пеат своја песна: Сонцето ум изгубило и се заљубило!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
3.
Време, Човек
Драма, Сатурне:
Јас станувам носечки лик, противник
Ти почетна сила, нагон кон целината;
Јас тапкам одовде-донде
Ти кружиш цикличен, прстенест;
Јас им се подбивам на повторувањата
Ти повторуваш, ретко но редно
демонски син-хроничен, цел;
Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли,
епохи, ех да можам да летнам
Ти гледаш од високо
пишуваш и леташ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сатурн сакаше да ја употреби својата вештина за забавување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како и да е, раководителот најмногу го интересираше како Сатурн дознал за сместувањето на својата сопруга.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Влегувањето на Сатурн не беше експлозија на разиграна радост, каква што двајцата потајно очекуваа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)