Марс м.
Марселеза име.

Марс (м.)

Ова изгледаше сосем марсовски, но, додека го цицав натечениот палец, помислив дека одамна не сум се забавувал, па зошто да не?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, конјукцијата на асцендентот, Марс и Венера и триаголникот со конјуктурните Уран, Месечината и Нептун неоспорно говорат дека родениот е грифон.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ете, не го уби ни Марс ни Венера, ниту Јупитер или Сатурн.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Јас морам самиот да ја создавам својата збирка, да се разменувам со другите момчиња, да ги собирам марсовските камења и меркурскиот песок што ми ја исполнуваат собата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја стиснав темната ткаенина со топлите раце; го почувствував Марс, еден железен мирис, и Венера, мирисот на зелен бршлен, и Меркур, мирис на сулфур и оган; го почувствував мирисот на млечната месечина и тврдоста на ѕвездите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако некој се посомнева во ова моја одредница, тогаш нека повели нека ги регистрира репертоарите на театрите, нека ги регистрира екипите кои го чинат сегашниот театарски израз, нека се потруди да слушне на кој јазик се обраќаат на домашната публика, со каков сценски конфликт сакаат да го заслужат нивното внимание, нека се потруди да забележи дека нашите театарџии се прават како да се паднати од Марс.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Има ли надеж дека пак пролет ќе дојде? и пак ќе грее моето сонце и патувања одново ќе има но место на Марс, во новите коридори на животот ќе ги побараме старите траги и сладоста во која уживавме Дозволи да те заборавам и соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Патувања одново ќе има, но место на Марс, во новите коридори на животот, ќе ги побараме старите траги и сладоста во која уживавме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ко, да летам на Марс чинам занесена, не осеќав нежност во тоа патување сал оргазам, кој силно пече, боли...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)