Малта име.

Малта (име.)

Козарите се чудеа, некои од нив првпат слушнаа за овие земји, а за малтешката и апенинската и медитеранската коза никој од нив дотогаш не беше чул.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Земете ја Швајцарија, на пример, или Малта, Белгија, или Кипар, Монако, или Сан Марино: сѐ се тоа мали мешлести бебиња со многу капитал и тривијални проблеми; колку се поголеми интересите на разни полови на моќ околу нив, толку грижата за нив е поголема; Хонгконг, Панама, Доминиканска Република, Сингапур, Арапски Емирати, Исланд...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Беше заточеник од Малта, основач на првата Либерална партија во Турција, претседател на Националното собрание на Турција, амбасадор во Париз и во Лондон.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Макар што имаше само неколку месеци како што беше ослободен од заложништвото на островот Малта, тогаш четириесетгодишниот Али Фети изгледаше свежо и енергично, со висока става, широко лице и не толку изразити мустаќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Али Фети ќе го мине периодот од мај 1919 до јули 1929 година во затвор во Малта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, навистина, му пишуваше на Али Фети, токму во времето кога тој беше министер за внатрешни работи, непосредно пред да биде испратен во заточеништво од англиските окупатори на островот Малта, но Татко не веруваше дека тој некогаш го примил неговото писмо пишувано со младешка жар и искреност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)