Кавадарци (име.)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Доведе уште гавази, ја извести и власта во Кавадарци, та оваа испрати цел одред војска да ги брани муштериите на султанот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Bo барањето на што поубедлива документарност при интерпретација на личните и општи судбини, зафатени од виорот на Балканските војни и Првата светска војна, покрај кажувањата на десетина преживеани учесници од Македонија (со кои успеав да се сретнам во Битола, во Солун, во Берово, во Горно Коњаре, Скопско, во Ваташа, Кавадаречко, во Слојштица Демирхисарско, во Жиово, Мариовско, во Претор, Ресенско и т.н.) ненадоместлива помош ми беа и белешките на учителот Милорад Марковиќ, односно неговиот „Воен дневник“, којшто во еден поголем дел е воден на боиштата во Македонија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Родена сум во село Крњево во околината на Кавадарци, на 29.12.1924 година.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тој што најмногу ми приоаѓаше, момчето Мане, учеше шнајдерски занает во Кавадарци, но неговите беа големи сиромаси.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Веќе си испланирав како ќе заминам на школување во Кавадарци, ех колку се радував, кога неочекувано татко ми ме пресече: Не верувам дека ќе те примат, сигурно е пополнет бројот, а јас го молев: Тате, ако таму не ме примат, дај ме барем во работничко училиште.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сите: претседателот на градот, и раководството на еколошкото друштво „Пролет“, и директорот на ЈКП „Хигиена“- велат дека целото подрачје на Кавадарци е претворено во јавна депонија, населението истура насекаде ѓубре без да води сметка за натамошни последици.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Да продолжиме“, рече Томе „имаме интересни писма од Кавадарци, Берово и Кичево. Повели Војче!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во меѓувреме во близината на Кавадарци била стационирана српската Тимочка дивизија чија команда на почетокот соработувала со месната власт, а своето присуство го објаснувала како привремено.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По формирањето и КПЈ (1919) на општинските избори во 1920 комунистичките кандидати победиле во Велес, Куманово, Кавадарци и некои села.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 14 септември „Њујорк тајмс“ повторно ја пренел информацијата, преземена од „Слободна Југославија“, за ослободувањето на Кавадарци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
А децата најмногу сакаат кога врз коцките од дињата ќе им наредиме топки сладолед, а одозгора ќе им срониме зрна кавадаречко грозје“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Седнавме до нив на масата затоа што веќе немаше друга слободна и заподенавме „хм-хм“ муабет, ама овие си се најдоа по кавадаречки и лафот веднаш стана божем 100 години се познаваат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Кога си донел грозје?“, ме прашува божем налутено, а јас се смеам и велам „Еми, јас сум од Кавадарци.“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)