АСНОМ скр.

АСНОМ (скр.)

По 9 септември 1944 год. во македонската бригада „Гоце Делчев“ во Софија раководел со АГИТПРОП, а придонесол и за формирање на македонски радио-час во емисиите на Радио-Софија, во кој го читал и Манифестот на АСНОМ.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во Македонија пред АСНОМ во употреба беше српската и бугарската кирилица, за по заседанието и по оформувањето на македонскиот како литературен јазик да се воведе типично македонско кирилично писмо, кое е прилагодено за одразување на фонетските вредности на македонскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Светозар Вукмановиќ на заседанието дискутирал во однос на рефератот на Президиумот на АСНОМ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Вера Ацева - домаќинка со тапија. Тапијата ја издаде и ја овери со печат презедиумот на АСНОМ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Со АСНОМ, Народноослободителната војска на Македонија стана регуларна македонска војска со свој Главен штаб под контрола на македонската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со Првото заседание на АСНОМ и неговите историски одлуки македонскиот јазик за прв пат станува признат и рамноправен јазик со другите јазици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со одржувањето на првото заседание на АСНОМ, се заокружи процесот на конституирањето на македонската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сите говорници и дискутанти во однос на рефератот на Президиумот на АСНОМ: Методија Андонов-Ченто, Едвард Кардељ, Светозар Вукмановиќ-Темпо и другите, со целиот свој жар, ја манифестирале приврзаноста на Македонија кон југословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 15 јануари 1945 година до американскиот шеф на воените мисии во Белград е доставен список на членовите на АСНОМ избрани на Второто заседание на АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
84 Од резултатите на Второто заседание на АСНОМ (28-30 декември), како што известиле британските и американските шефови на воените мисии во Југославија, на заседанието било избегнато прашањето за грчка Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)