џгура (ж.)
- Па, некаква стомна, некои ’рѓосани железа, џгура, а Дуковци, таму во нивното компириште откопале едно големо врчвиште.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Се начека - слушнавме и тројцата, но тоа не беше обраќање што бара прошка или нуди објаснување туку во него како да беше натрупано еден посебен вид самосожалување; обраќањето навистина потсетуваше на џгура од надеж што пред да прегори можеби и била добар јаглен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)