љубопитност (ж.)
Љубопитноста кон необичните настани ме натера да пристапам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ги испитуваше цртите на своето лице. Строго, без љубопитност.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Марија, ќе ја тргне од љубопитност да гледа нечија крв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа беше она што го плашеше. Љубопитноста, проклетата човечка љубопитност.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ништо друго - бесконечно спирално движење на љубопитност: ќе го предаде ли оној на прогонувачите и ќе го продолжи ли во истата постела она во што беше прекинат кога се обидуваше да сокрие дека зад платнениот параван лежи гола жена.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тропам на вратата. Ме пречекува бесно лаење и жив, пискав глас: - Мирен... Марш... Потоа без љубопитност: - Кој е?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Каква болка може да носи рибата под студените перки. „Момче“, суво воздивна без љубопитност мерејќи ги неговите широки раменици. „Читајте ги Давидовите псалми и не додевајте ми веќе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во неговиот дел на Нојовиот ковчег стоеше брат му повеќе званично отколку комотно и го мереше со млака љубопитност. „Дневниците не ми беа високи во смоларата“ , покажа кон креветот Отец Симеон; го нудеше да седне.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во тие зеници немаше ни зачуденост ни љубопитност, немаше ни бол.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На балконите од повисоките згради висеа како гроздови сеирџии и во темните рамки од прозорците се лулаа подадени глави, зафатени од спојот на непреодлива љубопитност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Малиот еднаш не можеше да го издржи тоа и сега ја жртвуваше својата љубопитност, отскокнувајќи назад и пак припивајќи се до ѕидот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знам, нема да јаде додека не ја задоволи својата љубопитност.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
После објаснувањето дека од љубопитност сакам да видам како се забавуваат младите во Келн, домаќините ме пуштија да влезам, зашто инаку во овој ноќен вертеп можеше да се влезе само со влезница и со членска карта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Човечката љубопитност на келнското сајмиште останува докрај заситена исцрпена од она што како мебел и се презентира да го види, зашто овој саем е преполн со ексклузивитети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кејтеновата тајна секој ден сѐ повеќе ја распалуваше љубопитноста на мојата млада и неопитна душа, што можело толку многу да го излуди?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Иако имаше неколку не проспиени ноќи зад себе, љубопитноста во неговите очи сјаеше со еднаква свежина.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но, веќе истиот момент, како на успорен филм, на човековото лице љубопитноста се замени со гроза и раката убиствено ја зграпчи патерицата...
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Луѓето го слушаа тоа и го заборавија - и мудрото објаснување на попот за дојденец, не туѓинец што понекогаш ќе привлече љубопитност но не и свој човек за кого блиските секогаш ќе најдат в срце трошка разбирање.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)