љуби (несв.)
Как што мрена риба барат место по д'лбоко, как што славеј, малка птица, седело си виет сред расцветени ми ружи в поле ил' градина, как што мајка силно љубит првата си рожба, так и младо љубит млада, искат мома јунак, младо момче-хубавелче, гиздаво си либе.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Не рачил е мрсниј Турчин кашти ни да газит, он не можеше да љубите 6'лгарски девојки, не е мог'л да ги турчит, в свој харем да држит, да не могат да излезат испод тежок затвор, да не видат свет ми божиј, ни па се'лнце јасно...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
КОТЕ: Море, море... ќе се рече многу ги љубел!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ФРОСА: Ги љуби, ами како. Затоа пак и тие го љубат...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Надвор лежи Турчин, а внатре те љуби...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
(Ја зема пред себе, ги клава рацете на рамењата нејзини и како науше пее): Си заљубив едно моме Од малечко до големо, Си го љубев долго време, Долго време три години.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А море, овчар будала, Каде се чуло видело, Каде се чуло видело Мома на пат да љубиш?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
В таква пролет, златокласа младост, моја земјо, да те градам, љубам, и сѐ така и со таква младост, крај мој, роден, ти ќе бидеш убав!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Пријателе мој, зар те губам зашто те љубам, зашто те љубам?
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Сте го убивале тоа што го мразите, јас пак тоа што го љубам. И, ние сме квит.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Запленет од своите неразбирливи соништа, остануваше рамнодушен кон жената што го љубеше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Престани да бидеш дрзок. - Те љубеше? - Тоа го знаеш! - И ја избегнуваше нејзината љубов.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ни пресековте нам од косите, му пресековте и нему, ги врзавте, и со нив ни стркнавте по главите света водица за да се сакаме, да се љубиме.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се разбира, го знаат тие животот, го сакаат, го љубат животот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ќе отстапи ли, да не даде господ, од своите позитивни стремежи (така љубеше да се изразува), - и тој веќе не беше здрав.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И кога неговото распрснато тело паѓа крај неа, надолу, надолу, во запрениот миг на разминувањето, тој, вон себе, се дере, најсилно што може, го корне гласот – Те љубам! Те љубам таква!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Искрено ја љубеше таа отвореност на гласовите и просториите, разголеноста на убавите жени, самодопадливоста на мажите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Овој камен некогаш шеташе по овие ливади но молеше и кога беше жив: Љубеше да открива зборови низ пустошот, да ги лачи од песокот и низ голем порив да ги таложи врз себеси, да се скаменува.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)