југозапад (м.)
Историја: мескалинот е халуциноген амфетамин кој може да се добие синтетички, или од пејотл кактусот (Lophophora Williamsii) кој успева во Мексиканската пустина и на Американскиот југозапад.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Куќата целата во темнозеленикава патина, отворена со чардакот спрема реката, со дрвени скали и опкови околу стреата, па светлината од југозападот и гласот на реката создаваа една таинствена атмосфера која во мене се претвораше во едно мило спокојство.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Границата на античка Македонија се протегала на север од хеленската покраина Тесалија при што етничката и јазичната граница била реката Пенча (Пенеиос), планините Олимп на југоисток и Пинд на југозапад, односно на тромеѓата со Епир и Тесалија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Дали иронијата која на моменти преоѓаше во благ цинизам беше резултат на бесцелните расправи на блоговите кои секојдневно ги читаше, или на генетскиот код наследен по таткова линија, по потекло од едно село на југозапад?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Неговите авантуристички раскази за американскиот југозапад, Тексас и Централна Африка станале популарни меѓу читателите од моментот кога првпат биле објавени по дневните и неделните весници.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ноќите ги минуваше во својата канцеларија која, покрај службените елементи (биро, фотелја, маса со шест столови за состаноци), беше опремена со кауч и шкаф за облека, со фрижидер и шпорет во малата ниша од која на левата страна се влегуваше во пристојно уреден тоалет, а од десната страна се излегуваше на тераса свртена на југозапад, кон височините на планината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)