јачина (ж.)
Не е чудно скоро да ти дојдеме в град, затоа направи скица каде се германските ровови и утврдувања, каде и колку јачина војска има.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А гледам сѐ што треба има човекот: исправен е, џамаданот му крцка на плеќите, бечвите ги налеал со жили, со јачина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По јачина и по буцкање му немаше рамен овен во селото.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Смрт во споредба со јачината на раскрстот, на гибелта која сега ме совладува.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зар пак, зар одново судбината приредува тестови за нашата храброст и јачина.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Од каков материјал треба да биде направен тунелот, низ кој врват третото и првото, за да ја издржи јачината на експлозијата што ќе се случи кога ќе се допрат доброто и злото, по ден... зашто ноќе, во мракот, нема да се препознаат, па ќе станат пријатели и оди и познај кој е кој.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)