јагнешки прид.

јагнешки (прид.)

Под неговата мечешка снага, покриена со тежок кожув од црна јагнешка кожа, болно закрцкува расклатен стол.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На главата имаше капа од јагнешка кожа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
КРТОТ: Собрали ми се, набрали, сите селење, кметове, црвено вино пиеја, јагнешко месо јадеа, голема дума думаа, да утепаат еленче, и таа срна кошута!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И се тргале на земјата со сета своја вкочанетост и бушавост, ги извлекувале главите од измитарени јагнешки кожи и со самиот заод го знаеле точниот облик на чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше покриен со јагнешка кожа преку глава. И не само тој.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некоја надеж дека ќе поживее и ќе се исправи од јагнешки кожи крај огниште да се одмаздува со нова крв во жилите го движела висок и со прерано изгорен тил од сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исто така, до нив допирале и информациите за неискреноста на соработката меѓу ЕАМ и СНОФ бидејќи “словенските жители“ сметале дека тоа е „само стар волк во јагнешка облека- грчки добитен национализам толку добро познат и застрашувачки, лажлив и преправен во ликот на ослободувањето“.338
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Прават одлична рибина и јагнешка чорба, а покрај тоа, во дното на ресторанот, има стар џубокс со синглови на Хендрикс, Doors, Eagles.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Овде беше влегол во јагнешка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)