штирак (м.)
Се зближиле, значи, како што две млади жени можат да се зближат кога се тажни и осамени; едната, во очекување на парите од сладострастникот кој секој момент можел да наиде, втората, зафатена со белите чаршафи што мирисаат на сапун и веднаш се здрвуваат од штиракот штом ќе помине по нив врелината на пеглата ; почнале да си веруваат една на друга, да седат заедно кога се слободни, да се смеат, да плачат, - како сестри.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Знаеш, тој како шеф има малку стиснато шупче, како тртник во штирак, како што би рекол другарот Геро.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)