штик м.
штикла ж.

штик (м.)

Сте честити сега, ве разбуди ете на штикови ледни дрнкањето остро и громкото ура, и Турчин се смете млад војвода дека командува просто.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Пријател со пријател, другар со другар, дури и брат со брат на Овче Поле, во Сојузничката војна, се навреле на штиковите и дури, откако се погледнале доцна се познале оти се браќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Челични лисици на раце, штик зад грб.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ѝ поставаше итри иследнички прашања, штикови завртени кон неговото грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Девојки што од срам не можеа да погледаат човека в очи, корнеа камења од калдрмата, решително им се закануваа на суровите и мрачни полицајци, кои дојдоа со штиковите на пушките, пред куќата на протиница.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Под фенерот чекори војник со натакнат на пушката штик.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И нејзината анемична светлина ја сече штикот на војникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Своите гради да му ги понесеш на стражарот за да ги набоде на штикот!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го изарчи и последниот фишек што го чуваше за себе. Му го „подари" на чаушот од кој овој падна на плочата пред самите негови нозе. Co пушката за цевка рипна трипати по плочата и се најде пред десетина штикови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ми ги клаваат штиковите под гуша и велат: - Каде е мажот ти? - Војник е, велам, мажот ми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ти, значи, браниш предавници, велат и ги помрднуваат штиковите под гушата моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Штиковите им светкаат во темницата. - Заколете ја, бре, вели војводата. Заколете ја, кога не се разбира. - Заколете ме, велам, побргу да си појдам кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На раздрумот - цевки со штикови што блескаат под првите зраци на сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Првиот што излегол, пукнал во некој од Турците и така на куршум одговарале со куршум, на штик со кама. Така изгинале нашите до еден...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бедрата му биле крвави од сабји и штикови додека го минувал обрачот на турската војска, и од него како семе на идни диви и неуништливи лозници, паѓале капки - виното, доколку ќе го напоело, можело да му ја обнови коњската крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По полето се гледаат расфрлани черепи и човечки коски, шлемови и штикови од војните минати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе