штетност (ж.)
Приврзаниците на првите јасно ги спротивставуваа аргументите на генералната констатација на антикозарите за штетноста на козите: козата го открила кафето, покажала дека со кастрењето на лозинките се добива повеќе грозје, козите, споредени со тежината на кравите, даваат осум до десет пати повеќе млеко од нив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Посебно се работеше на проектите за штетноста на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Фактот дека жестоките противници на дрогата понекогаш ја преувеличуваат штетноста на последиците, не прави тие да се помалку реални.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
• 2007: проширување на правото на работникот да одбие извршување на работа со вклучување и на правото така да постапи во случај ако претходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (Закон за безбедност и здравје при работа);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ќе запираме на тој пат на секој криво насаден збор, ќе ја покажеме неговата излишност и штетност да остане на старото место.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)