штетен прид.

штетен (прид.)

Тоа согласување од 1897 год. беше насочено против Бугарија како божемна поттикнувачка на Македонците, но неговите резултати беа штетни не за самата Бугарија, зашто во бугарските внатрешни работи никој нема право да се меша, а за нас Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во периодите на ерупциите, Сонцето, слушав во Медон, врши и многу штетно влијание врз здравјето на луѓето со заболени срца и крвни садови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Полесно ни беше, а во тоа никој не ни пречеше, да ги растураме гнездата на штетните птици: страчките, враните и чавките.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На таквите луѓе ни на ум не им паѓа колку се ништожни, штетни, напротив, живеат со надеж дека тие се оние заради кои сѐ уште грее сонцето. Меѓутоа, имаше и светли мигови во срцето на другарката Оливера Срезоска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Фаталисти, вие сте штетни фаталисти, ги прекоруваа по разни поводи догматските кадри во комитетот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа не е праведна; затворање на луѓе поради тоа што користат некаква супстанца, дури и ако е штетна, ги крши нивните основни права сѐ додека нивните постапки директно не ја загрозуваат околината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со него би можеле да се согласиме само во случај да ги занемариме силните и сѐ побројни докази за штетните последици од ендемската наркоманија во најзагрозените општествени групи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Политиката на спречување на наркоманијата која е заснована на солидарност би се борела за сведување на последиците од уживање на јаките дроги по општеството и по поединецот на поради намалување на штетните последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да не биде дебел и скржав, да нема огромен раст, но и не премал, да ја сочува пропорционалноста во сите делови на телото и да има чисто, од ништо ненагрдено лице, ниту со брадавици, ниту со (Боже чувај!) штетни приштеви.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури и штетни хемиски материи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Сѐ може да се разреши: од холандската фирма „Филипс“ има понуда за модернизирање на мониторинг - мрежа, подвижна станица што моментално ги одредува штетните материи во воздухот, на секоја точка каде се движи станицата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Што емитува?“ „Емитува во воздухот штетни гасови од согорувања на неоргански и органски материи. Сѐ до крајот на процесот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој се обидел да го убеди дека нивната акција ќе биде многу штетна за делото воопшто, дека Внатрешната организација зела веќе решение да дига во летото востание и дека анархистичките акции се предвидени ако востанието не ги даде очекуваните резултати... Но, попусто.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Општата недоумица не е достаточна да се измени ликот на жената предизвикот на вратот „Во извесни случаи архетипот е штетен по...“ или: „Култот е органска материја не се губи – се преобликува“ и сл.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Маркетиншкото преоптоварување предизвикано од овој „бараж од комерцијални звучни ефекти“150 во голема мерка ги намалува позначајните можности за слобода на говорот, со штетни последици за демократијата бидејќи, како што нагласува Петер Слотердајк, „онаму каде што не постои место за противтежна моќ, таму владее страв, ограничување и ропско посматрање“.151
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
•  второ, одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен да ги извести работниците, на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини, еден месец претходно – во случаи на поединечен престанок на работен однос, или во случај на престанок на помал број работници; а три месеци претходно – во случај на престанок на работниот однос на повеќе од 150 работници, или на најмалку 5% од вкупниот број вработени во претпријатието (чл. 136, ЗРО/03 – Пречистен текст) – беше променета на следниов крут начин: „Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини е должен, за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците – да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков тогаш претставникот на работниците, и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици“ (чл. 95, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Работно време а) Со носењето на ЗРО (1993) полното работното време од претходните 42 се скрати на вкупно 40 работни часа седмично (чл. 30, ЗРО/93); а дојде до намалување на минимум 30 часа, наместо поранешните 32, кај работното време на работниците кои работат на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи (чл. 32, ЗРО/93); б) ЗРО (1993) воведе промени и кај постоечката листа на т.н. особено тешки работи: од една страна, од оваа листа беше изоставена работата во атмосфера загадена со отровни гасови и отровен прав; а, од друга страна, оваа листа беше дополнета со неколку нови „тешки работи“, пред сѐ од областа на културата – како, на пример: балетски 16.  Како, на пример, во: глава IV.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако, пак, работникот, во рок од три месеци од конечноста на одлуката, не ја надомести штетата утврдена со 61 одлуката на работодавецот, тој поведува постапка пред надлежниот суд (чл. 108-109, ЗРО/03 – Пречистен текст); •  од друга страна, пак, за прв пат експлицитно се предвиде можноста за т.н. паушално обесштетување, но само во ситуација кога утврдувањето на висината на штетата би предизвикало несразмерни трошоци и само под услов случаите на штетните дејствија на работникот и висината на паушалот да се претходно определени со колективен договор (чл. 157, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ние не можеме, а да не обрнеме внимание на овие [штетни] појави.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе