штедлив прид.
штедливо прил.

штедлив (прид.)

Чехословаците се многу скромни и штедливи туристи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само Германците од Баден, само оние од Штутгард, се викаат Шваби а и Германците надвор од оваа покраина знаат дека овде живеат Швабите, кои се многу трудољубиви и штедливи луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ми се чини дека визуелниот јазик на Маус е многу затворен - во споредба со другите ваши дела, во смисла дека стремите кон изглед што е штедлив, концизен, дури примитивен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Им беше многу штедлив гулашот!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
За почеток, не сум евтин, но за прекувремено чување на информации цените ми беа астрономски. А Ралфи беше многу штедлив.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мевлид ги информирал за условите во кои ќе бидат принудени да живеат, советувајќи ги да бидат штедливи и внимателни, затоа што немало никакви услови да добијат од некого помош.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)