штеди несв.
штедилница ж.

штеди (несв.)

Беше добро и што отиде кај Претседателот, што виде дека тој со таа вар, што ја чекавте вие цела утрина, и што ја штедевте, бидејќи ви беше пред крај, ги дотеруваше ѕидовите, и дека неколку мајстори од твојата бригада работе тука, без да ти го знаеш тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тетка Анѓа долго се врткаше во училиштето и упорно се бореше со немаштијата и гладот, штедејќи го брашненцето за подолги и потешки денови; чичко Петре постојано ѝ помагаше, ѝ се наоѓаше за што било и ја утешуваше дека и ова еден ден ќе помине и ќе дојде време убаво и среќно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Младите пак не сметаат за застарени, нѐ критикуваат дека сме старомодни, лошо се облекуваме, не се разбираме од современа музика, штедиме без потреба, им ги сечеме желбите на нашите деца, со еден збор - не знаеме да живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Вели, го штедела времето на тој начин.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најнакрај како залог го дадов и моливот што ми го подари тато, со натпис - Штедете во Стопанска банка - па и него го загубив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Миличок, учи да се штедиш – ми вели Хорацио, додека ми го менува облогот – Енергијата ќе ти притреба за да засакаш кога сите меѓусебно ќе се мразат и убиваат, за да се насмевнеш кога сите ќе се муртат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
1. Немојте да штедите на сапунот, добро измијте ги ушите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Разврат на такво место, разврат на последните надежи, разврат на свенатите и гнили трупови и - дури не штедејќи ги ниту последните мигови на сознанието!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Првиот пат кога се обиде да пуши, почувствува мачнина, но штедеше и го растегна траењето на кутијата цигари долго време, пушејќи по половина цигара по секој оброк.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама, јас решив да штедам, два дена пропуштив и сладолед да си купам, оти ми беа избројани до денар парите што ги добив за џепарлак, само и само да можам да го купам прстенот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, произлегува дека уживаше да крева околу себе магли на сомненија, да поставува загатки, да наговестува тајни а при сите вакви постапки себеси воопшто не се штедеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така беше одлучено во дирекцијата, требаше да се штеди.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговите, како примерни граѓани на една држава во која веруваа, со години штедеа „за децата“, како што секогаш велеа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зошто Оној Горе молчеше и милоста ја штедеше - никој не узна!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
ГАВРИЛ: А ти си кал. Јаловина. Згура. Ти не си тука. Ти се штедиш за некој подобар живот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тој штедеше од дневниците, а ќе добие и утешна награда, и ќе располага со доволно пари да ѝ купи убав подарок нејзе и на синот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Можеби сепак беше поупатно да останам дома“. (Сега уште повеќе го штедам гласот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе