штави (св. и несв.)
Остана долго во кожените ложници, што некаде оддалеку мирисаа на штавање, загледан во една точка, наеднаш неспоредливо малечок за да ја исполни со себеси, со својата будност, дури и оваа своја одајка, и од тоа уште повеќе пристеснет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Е, ме гости, бре Гојко, велам јас, убаво ги штави.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кожава обеси ја, ќе ја штавиме за опинци, вика Лазор Ночески, дробовиве клај ги настрана, вели, ако немаш сатар, дај ми секирче, треба сите коски да се одделат од ’рбетот, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не еден, не само овие двава, едно јато орли ќе штавам.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Осеќам некоја шлаканица, штавена преку лице.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)