широчина ж.

широчина (ж.)

Неотпорот понекогаш и мене ме зафаќаше, ме тркалаше по кривата нерамна калдрма кон широчината, чиниш ќе ме искрши од слепиот ѕид ишаран од раката на инспекторовиот син со зборови што не требаше да ги знае во своите години.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Понекогаш ќе дојдеа на широчината тројцата студенти и ќе седнеа на дивата трева крај децата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа кришум му доаѓаше на широчината со плашливо обѕирање вадеше од својата торба јадење.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ЛУКОВ: (Откако ќе излезе Фезлиев, со нагласена широчина и разбирање.) Извонреден работник.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арсо и Глигор веќе излегоа на опустената широчина од плоштадот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Си рече дека е тоа поради широчината на бечвите и дебелината на искрпениот шајак.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мајче, каква убавина! Какви далечини! Какви широчини!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Циркусот ја запоседна широчината крај езерото, и тие денови во селото не се знаеше кој човек е оттука, а кој циркузант: се облекуваа и децата и возрасните во партали, се шараа во лицата со бои, редеа маски и трчаа по сокаците како василичари, скокаа, врескаа, правеа сѐ што ќе им паднеше на ум.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Штом ќе завлезете во павилјонот, а тој е, речиси сиот од бел и сив мермер, чувствувате широчина и ве обзема некоја пријатна тишина, особено ако погледнете во пејсажите на најубавите југословенски езера и на Јадранскиот брег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И додаваат: „Ние го грабиме морето, го бркаме кон неговите бескрајни широчини“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На морската широчина се лулееја рибарски чамци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Голем Пат, пак, поправо тој би требало да се вика Широк Пат, наместа достигнува широчина и до десет метра, на северниот крај на срецелото се издвојува од Пазарџиски Пат и тргнувајќи право на запад, минува, од северна страна, помеѓу гумното на Дамчевци Џаџовци и, од јужната, помеѓу северниот ѕид на чифлигот Трпоски и авлиите на Дамчевци Мирчевци, Дамчевци Дамчевци и Бозовци Перуновци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Постојано нѐ расфрлаат по разни единици и по сета широчина на фронтот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неколцина слушнале рапав шум и со грч во душите погледнале во видовитиот: чудовиштето можело да биде такво какво што тој им го опишал, покриено со крлушки и змучки од кои се цедат студени капки, расне, бабри во широчина, од крај свет виси над нив и им станува проклетство што не ќе се заборави ни под надгробна плоча.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние навистина веруваме дека на Македонија, во потрагата кон една сериозна, длабока (и во длабочина и широчина) и коресподентна со светот култура, ѝ претстои широко премерување и проблематизирање на сите досегашни вредности (не затоа што го променивме политичкиот систем туку затоа што тоа е перманентна задача на било која култура: проблематизирање и чување!) Ако има помош - пеки, супер!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да ја наполнам душава со воздух. Очиве со широчина.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Но беше доцна: мојата роднина Емилија веќе беше се наведнала над пултот врз кој лежеа раширени, големи атласи со карти на далечни мориња, модри слики на ѕвезденото небо, книги со долги редици бројки во кои беше означен односот на географската широчина и должина со положбата на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Пред нив се најде некаква широчинка, нешто како полена, сретсело, низи од долги двокатни куќи од едната и од другата страна и бидејќи токму таму ги поклопи црнината на ноќта, џамовите лснуваа со таинствена жолта светлина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Океанија е заштитена со широчините на Атлантикот и на Пацификот, а Истазија - со плодноста и трудољубивоста на нејзиното население.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе