ширен (прид.)
Нема ли бел ден, нема ли ден да е над деновите, ден да е на аргатите - ден - с’лнце вишен високо ден - море ширен широко, с’лнце да запре, да стои и времето зачудено: срцето пука обрачи и плиска знаме алово, срцето што се отвора и шири ширно широко - целиот свет да загрне!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Љаке ги ширна нозете како магаре пред мост пред нив.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Без хипербола, Будимпешта е град во кој неговиот ширен, отворен простор - парковите, улиците, кејовите, булеварите, авениите се исполнети со скулптури.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„А јас клучот на спокојот го носам за да ја засолнам самотата во ноќта мирна Така од ѕвездената непрегледност ширна далгите езерото кон брегот го носат“.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
И, гледајќи ги нив со чашите в рака и тие, со дрвените цокули, решив и му ја спраштив во слободата, та неа, кутрата, си мислев ќе ја најдам во планињето што немаат крај, во висините до под небо, во далнините и во шумите зелени и ширни, во видикот до кај што ти око гледа....
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На самоти почеток одвај чујно, речи си срамежливо, тивко како лесно треперење на крилја на вилино коњче, едната јa гони другата и се нижи во синџир, а во него - студените кладенци каде моми студена вода налеваат, прстенот меновник, долгите години на чекање, високите чардаци, белата пченица и деветте гулаби што високо над ширно поле летаат, јадовите момини и либето кое под прозорец, пред порти, под чардак чека...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Како млади ждребиња растрчани низ ширна ливада!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Надвор од Смрдеш, во ширната дабова шума, колоната застана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)