шизма (ж.)
Имате маестрална меморија на потеклото
(и шизмата ви е промислена!)
инстинктивна, интуитивна, прецизна
недвосмислено втисната во гените
мрестењето е обред на жигосување
стариот се вбризгува во новиот свет
на седумстотини метри
под морската површина, јасно е
- езерото не ви е доволно длабоко
ни за да се оплодите, ни за да умрете!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од лидери чијашто потсвест
е непроодна, свеста празна.
Македонија е - схизма
со предумисла.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)