шеќерана (ж.)
Та си реков, да проговорам, да те прашам, ти имаш познати, дали има прилика да ми помогнеш да купам стан на отплата, ама првин да сториш некако да влезам на работа во шеќеранана, во државно, макар сезонски во почетокот“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така, тужбеното барање на Ѓорѓиевски е усвоено и дефинитивно е одлучено во негова полза, со што: а) се поништи одлуката на генералниот директор на Шеќераната за давање отказ на договорот за вработување на Ѓорѓиевски, поради наводно кршење на работниот ред и дисциплина, како и одлуката на УО на фабриката, со која приговорот на Ѓорѓиевски беше одбиен како неоснован; б) се задолжи Шеќераната да го врати Ѓорѓиевски на работа со сите права од работен однос, на работно место кое одговара на неговата стручна спрема, како и да му ги надомести парничните трошоци од 33.660 МКД (550 ЕУР), сѐ во рок од осум дена од приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во рамките на Шеќераната има синдикална организација на ниво на работодавач, која делува во рамките на Агро-синдикатот, во склоп на ССМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ѓорѓиевски во Шеќераната работеше со договор на неопределено време од 1987 до 2009 година, односно имаше безмалку 22 години стаж пред да настане работниот спор со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)