чукнува (несв.)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога ќе чујат дека бастунот трипати чукнува, Пискулиев и Орде слегуваат долу.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Соколе се наведнува и позема нешто, како да се колеба за дел од секундата, но раката намавнува и каменот чукнува во џамот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)