честичка ж.

честичка (ж.)

Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, кога се живее и се работи во него, малку е поинаква состојбата, веројатно затоа што човек се втопува во секојдневното сивило на овој град и станува една незабележителна честичка на неговото цело и затоа што со сите парижани го вдишува загадениот воздух, кој се испарува од трите милиони коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како да експодира некој презгуснат простор во чие средсреде бев јас и сега честичките се разлетаа на сите страни како снегулки а јас половам среде тој облак од снегулки што се шири, се шири...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сеедно е. Непроѕирното око од сред каменот безосетно го набљудува – мравка, неважна честичка во безличноста на Времето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Следниот ден, или по десет години, ќе го прекрие некоја друга честичка, наивна или страдалничка, но исто толку безначајна – човечки, премногу човечки...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лицата, бели и порозни како креда, усните – розов лакмус натопени во киселините на воздушните честички, косите – црни, блескави кациги, сепак проѕирни, со темни, но речиси фосфоресцентен отсјај, низ кој како да се наслушнуваше пискавиот чрчор на невидливите, атомичести колибри!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во мојот најдоа интересни честички (мутации од патот?) и затоа сакаа да ме транспортираат со интерпланетарниот „издувен“ топ на другата планета.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Замислувам едно огромно „трето око” што нѐ посматра во чајџилницава во овој неверојатен преплет од чадови, честички и светлини...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но истовремено го остава недопрено почетното прашање зошто централната честичка во основата не го чувствува и најголемиот притисок во купот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дека притисокот не е најголем во централната точка на основата, туку долж еден прстен од честички што се распоредени малку подалеку од центарот на основата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Свеченоста на морето И кој ќе наминеше тука ги допираше урнатините од црквичката меѓу кои сѐ уште светкаа честички од неговите молитви.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вајаше, милуваше, обликуваше скулпторот, а со тоа како да се спровираше низ сопственото крвотечение, низ капиларите, низ свиоците на мозокот, низ талозите од годините и собитијата, низ честичките што Живот се нарекуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Монашки нишан: сведоштвото на Лука Блажениот 29 „Има нишани што ги следиш од рано детство без да знаеш зошто: - се будиш предзори додека сосема не се повлекла глувата сенка на ноќта кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи во запрепастувачки складен и топол мозаик, во фрески по ѕидовите, по подот, на сводот и сеќаваш кревкото, кршливото порозното, обезличеното се преобразува во својата виша смисла и ти се обзнанува: ни еден слом не е алогичен!; - тукушто си пркнал уште дете, стануваш аскет и заминуваш незнајно каде само (посакуваш!) да биде тивко, молебно створено и од природата, и од човека за деноноќно бдение за созерцание, вертикално понирање на веда - од небеса до подземи за живеење со жиг и жедба на монах ни горе-ни долу повеќе таму, одошто овде
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Етерот беше наднесен над душата како таинствена природа префинет честар честички па морав да стивнам да замрам, да ме снема под невидливата лушпа на Јајцето секоја точка кајшто е подеднакво оддалечена од Центарот,14а Центарот Строен белузлаво сјаен и во себе си реков: славена биди Поемо, творбо величествена, и стварна, и знаковна и грешна, и идеална и предметна, и духовна и човечка, и животинска...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)