чекање ср.

чекање (ср.)

На даден знак со шамичето играчите застануваат, свирачите се во напрегнато чекање. Очите на Атанас се исполнуваат со солзи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Чекањето си има ред и крај. Не сум јас задушна баба!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Умираше стоејќи и во едно бескрајно чекање дека ќе ја види топла и проѕирна спална.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гранката на чекањето мое не ќе шуми по средбата наша.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Само две раце имам и едно исушено тело чекање: Илјаден да сум - мал да не сум за една капка тебе Македонија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Не. Животот е темно чекање. Разочарани надежи. Неостварени мечти... Угасни ја усмевката. Угасни ја... или не...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: По ѓаволите, уште цели пет часови. (Пауза.) Понекогаш ми се чини дека сиот живот сум го поминал во чекање на луѓе што задоцнувале со своите пристигања.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Време за чекање нема.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ништо не заборави, но сега некако сето друго беше останато далеку зад него во чекањето и чмаењето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се вабат, мислеше, секако не е ни толку вистинско, за да биде онака добро, какво што треба да биде; тоа го разјадува дури и чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секогаш во својот живот ги избегнувал колку што можел тие притаени чекања, а тука, кога не ќе можел да работи тој секогаш ја пуштал барем водата, барем таа да се плиска, да прска, да се разбива во бела пена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стрела беше крај него, со крената глава, спрчнати уши, споделувајќи ја со својот господар неизвесноста и безнадежноста на чекањето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пак офкање, пак пребројување, пак чекање возила за понатаму.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но за сè требало трпение и чекање: подоцна го смилостиви господ срцето и ѝ даде машко.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога веќе викнуваше повторно, нема чекање. Трчам по скалите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
По толку време – си седи поштарот сам, Прета, копка нешто со бастумот пред него, Ѝ шепти нешто на земјата, И гледа една тажна жена осамена на прозорец, И се мачи да го одгатне раописот на животот, Избледеното писмо на чекањето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Халата за чекање е огромна, во неа секогаш се наоѓаат десетици илјади патници, но не се сеќава дека се присутни толку луѓе, ниту пак постои некаква врева на какво што сме научиле во станичните перони.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Само мртвите имаат време за чекање, вели Лазор Ночески, оти времето, сето време е кај мртвите, вели, и со прстот врви по веѓицата од сечилото на ножот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе