чевлар (м.)
Над мене крцна прозорецот на глувиот чевлар потоа низ него се провлече модро лице со среќна зинатост под меките мустаќи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ми се чинеше дека чевларот Адам е сепак поинаков.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не можев да разберам на кого мисли - на паднатиот или на стариот чевлар, кој низ напукнатите очила потсмешливо гледаше што се одигрува под него.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Рампо чевларот ќе продаде барем петдесет чешли за свадба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А раскажува бедниот дека пред војната бил чевлар, имал дуќан, жена, деца.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Знаете, кога бев мал, чевларите од кожа на ајкула и непце од штука правеа ѓонови за зимски обувки.... Заради голомразиците... Некогаш...“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Според други јас сум обичен чевлар, а градот Берн со гордост чува пар чизми што наводно сум ги направил кај нив и, заминувајќи оттаму, божем сум им ги оставил.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Илија не завршил средно образование, а за прикривање на својата револуционерна дејност во Велес и во Солун работел како чевлар.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Еј, здраво Костадине, шо прајш? Јас на кратко поминав едно кафе на брзина да сркнам, бегам за Лерин, во дуќано на татко ни, треба да завршам некои работи...мило ми е, Тодор, Тодор Јовановиќ, а вие сте Петар, синот на Гули чевларот!
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Семејството на Петар е сиромашно, но живеи достојно. Татко му е чевлар.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)