чалгаџија (м.)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Оваа жал многу им скрши работа на чалгаџиите...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Најмногу земаше ќеманеџијата и, на крајот, дури беше дајреџијата. Таков си беше редот, од век, меѓу чалгаџиите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Можеш ли да направиш чардак, да викнеш чалгаџии и да се опијаниш само од миризбата на цветовите? Секој цвет си има своја миризба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)