цуцка (ж.)
Се знае ли што не ќе измисли војник во првите бојни редови, чекајќи ја смртта секој момент? Ho по едно време оваа цуцка се претвори во вистинска стапица за војниците од двете страни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како по договор и едните и другите решија да се фаќаат живи на цуцката (или во краен случај да се колат со штиковите) кога ќе дојдат да клаваат мамци, одговори на најдените книжулчиња и разни продукти, без да стрелаат едни на други, бидејќи началството ова општење го забрани строго.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тука, на таа цуцка, оставаа Бугарите разни летоци со кои ги покануваа нападените Срби да се предадат и им ветуваа дека ќе ги пуштат да си ги видат невестите и децата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Овде, другари овде. Ако орманот не нѐ спаси, отидоме кај свети Петрета, — им советува Толе на сите раководители на пропаднатото востание и им ја покажува цуцката „Соколот" со густата елова и букова гора.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Селото беше на тумба, а куќата на цуцка, така што не само сонцето и мразот туку и сите ветришта ги вееја од сите страни.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)