цифра (ж.)
Сега кругот на светлоста од батеријата, како големо и запалено киклопско око лежеше врз тие цифри, врз тој бројчаник со тајна цифра.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Отец Симеон долго го чекаше и можеше да му ги истегне ушите до таван, но тој знаеше што знаеше и кажуваше сѐ што знае - на саката беа наредени в круг цифри од 0 до 1.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во мозокот се определуваат цифри коишто имаат свој живот и смисла.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А тоа пет кила и сто грама и со букви и со цифри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа е нешто како чипот во компјутерот што е просто едно парче во кое нема ништо а сепак продуцира мисли, цифри, графикони, цртежи, со еден вид мислечки процес.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се зачудив. Владе ги знаеше и цифрите. „Пет илјади“, повтори тој.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Оценките варирале меѓу 35 - цифра дадена од страна на валијата, и повеќе од 300, што треба да се земе за точна доколку би им се верувало на повеќемина Европејци, главно Германци и Австријци што живееле во западните делови на градот, каде што живеело егзархиското население.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа беше исто како кога некого одненадеж ќе прашате какво му е броилото на часовникот: со арапски или со римски цифри, во која боја?
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Веднаш потоа на Фејсбук се појавија монтирани фотографии со мојот лик и со голо тело на жена на кое преку срамното со големи цифри беше запишана шифрата 5169.03.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Дека нема да откриваш бројки, димензии, нема да оддаваш никакви податоци, цифри?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Едни ја исклучиле струјата во викендичката во Бестрага, а оној што чита 10 месеци му пишувал киловати по паушал и го задолжил за неверојатна цифра, па извршителот му дошол дома да му наплати со седечката гарнитура и витрината заедно со телевизорот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)