цимет м.

цимет (м.)

Шум на водата на жешките сончеви зраци. Лебдеам како прав, како цимет на благото ветре.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој рече дека косата ми мирисала секогаш на цимет; му реков дека такво нешто сигурно немало, бидејќи јас не го поднесувам мирисот на циметот; тој ме убедуваше дека било така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас го мирисав облакот од цимет околу нејзината коса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Течниот сапун мирисаше на шумски овошја и цимет.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Пак студи во Москва и пак ми треба твојта прегратка. Многу ми треба таа прегратка со вкус на цимет.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Многу ми треба твојата прегратка со вкус на цимет ми треба тој молк набабрен од стара музика таа тишина во која влегувам со собуени чевли и во која собирам роса, источно од сите прашалници.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Христина и Томаица се чудеа што да облечат за на слава кај чичко им, па гласно се правеа договори за редослед на капење, се пеглаа облеки, се печеа пити, колачи, целата куќа мирисаше на цимет и каранфилче.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Совршен е неделниот семеен ручек, опиени од домашното црвено вино и вкусот на штотуку испечена штрудла од јаболка, цимет и ванилин шеќер.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вистинско задоволство би било ако после долги патувања ќе се напиете топло чоколадо со цимет или топол чај по ваш вкус, можеби од мајчина душица.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Откако ќе се олади, да се стави цимет и морско оревче.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)