целувка (ж.)
– Е, заслужи едно галење, џанам – ѝ рече кадијата и почна да ја гали по косата и лицето, па се наведе и нејзе ѝ залепи една целувка меѓу веѓите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Виде како сите новодојдени еден по еден се протуркуваа до Деспина и сите ѝ честитаа со целувки, ама никако да погоди кое е момчето што го армасуваа за неа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Седна на масата и го отвори писмото, при
кое веднаш погледот му падна на онаа слатка завршна реченица „Прими илјада целувки”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)