цедилка (ж.)
- Еда, како да се напијам, велам јас, гледај сето е жарје и пепел, да му бам мајката, еда, јас немам цедилка на устава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Отсеав брашно, ги засукав ракавите, го замесив и го покрив со цедилката да кисне. Да нарасте, да стаса.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Му ја дувна некаде со парите и нас нѐ остави, ко брбушки на цедилка. Сами во планината. Усвет и Бугарија и бегање!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На средина земјена чинија со дупки што веројатно служела како цедилка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)