цврсто прил.

цврсто (прил.)

Велиш, Цигани, вакви, онакви... Ама тие, ене, гледаш, чесно и цврсто го држат адетот...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— И се насмеаја обајцата, држејќи си ги веќе десните раце и стискајќи ги еден на друг што поцврсто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја прегрна и, цврсто држејќи ја, велеше дека мајка среќа немала синот единак да го порасне и невеста за одмена да и донесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не, тоа не ќе биде обично разделување и една младост попусто измината, разделбата ќе прилега на цврсто прегрнување на некој превој непознат далеку во иднината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тој молчи, цврсто закован за своето место.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кој сака нека плаче и нека се жали, јас ќе слушам и ќе бидам јунак и ќе станам кадија – цврсто се реши Ангеле да не плаче и да слуша што ќе му заповеда кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Цврсто ја стегнала својата голема кукла и така гушнати спијат двете. Не, куклата не спие.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој веќе цврсто беше решен да не го отстапува станот но не беше расположен за карање и расправии.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мачорот така цврсто спиеше та дури ни со мустак не мрдна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога би била запната цврсто за некое неподвижно стебло, таа стапица, фатената дивинка секогаш ќе можела за сметка на својата несреќа да си ја остави само половината од својата нога меѓу острите железа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од она зазбивтано ѕвере сега го делеа смо уште неколку десетини метра, само уште некоку негови скока, и тој сега имаше во своите жили мраз, но знаеше дека беше дојден моментот кога веќе не може да се стори ништо со пукање во тоа распафтано бреме од цврсто врзани мускули, слеано и згрчено во скоковите, што наближуваше кон него како виор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По нив се доближи до нискиот тезгав, кој од двете страни свршуваше со по еден дебел и цврсто вкопан носач на бичкијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Усплашена - таа скокна на маса, но не успеа да избега: Златко ја држеше цврсто за опашот.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Магарето пак трчаше, фрлаше чифте, клоцаше и сакаше како првиот јавач да го фрли, но нашиот „Марко Крале“ цврсто се држеше.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце скрцка со забите, уште еднаш цврсто го стегна кундакот од малихерката и извика: - Удрете на поробителите!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога пристапија до портата, граѓанинот цврсто ја тргна железната алка од портата и со растојание чукна на портата трипати по три.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ни ги стегна рацете цврсто и возбудено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се обиде со рацете да ги размрда железните прачки на прозорчето, но тие беа цврсто заѕидани во ѕидот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чичкото шофер цврсто го прегрна своето девојче, насмевнат и задоволен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе