цвета (несв.)
Цветав во прашина и во малограѓанска здодевност под знак на крст, тогаш жилава фиданка со нејаки боцки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Шебоите веќе расцветале. Тие цветаат рано, како и босилекот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Таму, како да му се опират на невремето, цветаат хризантемите. Ѝ велам на Билјана: - А хризантемите, а?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но таа разлика можеше да се забележи само напролет, кога цветаа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Мислев: млада е праската, рано е да цвета. Билјана се излагала.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Таму каде концентрацијата е најголема, ќе цвета чудесната градина на втората стварност.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И така години, три четири, пет цветаше кралството мое сѐ до излезот од детскиот свет.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Можеби ќе ја викнеше на помош и баба Цвета. Можеби ќе ѝ телефонираше на мама, на тато. Ќе ги вознемиреше на работа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Кога ќерка ѝ, Јана, мајката на девојчето, ѝ донесе за роденденот три раскошни цвета на стрелициум, три наежени папагалови глави, завиткани во целофан и украсен црвен ширит.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Меѓу птичји јата летам, среде лето април цвета. Зажуберка поток.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Беше времето кога цветаше лавандата и нејзината опојна миризма влегуваше во луѓето, во душите, продолжуваше во морето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Честопати Цвета доаѓаше за да си играме. Понекогаш не бев толку редовна, но чувствував дека ако одам на гробот – полесно ќе ми биде.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Гледате, како да се дозбореле: едни цветаат - други одмараат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Зеленееше и цветаше со големи црвени цветови, цветаше и зеленееше, и го ширеше оној особен, силен сарделски мирис.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И нарцисите не сум ги расадила, ама убаво ми цветаат...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Градот се осиромаши за два бели водни цвета што пливаа грациозно по неговите води како два снежни лебеда.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И по тие ружи, што ги надвишуваа тарабите, и од кои некоја секогаш цветаше, можеше да се распознае нивната куќа во секое доба на годината.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И затоа фармацевтската индустрија цвета од продажбата на антидепресантите што Американците ги голтаат ко да се базока-мастики.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)