царица (ж.)

И у полношт ја собудила царицата девојката и ѝ рекла: „Иди, Марие, напред, и ја по сахат после ќе дојдем по тебе.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И така царица Мариа поживејала дури остарела сѐ богоугодно, и прешла у вечнија обители.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Приказните ги убија во оној април кога војничките цокули ги корнеа жолтоглавите полски царици јаглики.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ќе те однесам во бунарот пред мојата куќа и ќе живееш како царица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А зошто преѓеска, кога бев заробена, не ми рече дека имаш бунар и дека ќе живеам во него како царица? - рече рибата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа златна пара му ги подгреа мечтите на Бојан, па често се скиташе по тоа место, што го нарекоа Селиште, и смислуваше разни цареви, царици, дворјани, замислуваше разни војски и битки водени по овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Жолтица? - возбуден праша инженер Александар. - Жолтица! Со цар и царица на неа. Копавме компир и блесна, како сонце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некаде рикнало магаре, а дедо ќе речел: Одете, врзете му ја муцката, оти царицата моја спие!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си биле еден цар и една царица и имале триесет и деветмина синови, а најмалиот бил најумен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вечерва Герасим од Побожјане ќе раскажува како се растуриле синовите на царот Сонце и царицата Месечина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прашуваа: „Герасиме, синовите на царот Сонце и царицата Месечина беа ѕвезди, нели?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа уште во млади години како матурантка во престижната учителска школа „Мајката Царица” во Тирана, се влеа во првите редови на антифашистичките демонстрации во текот на покорувањето на земјата, газејќи ја сликата на фашистичкиот водач Мусолини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас за возврат за убавото јадење, во слободното време ѝ везев додека таа си играше пет камења, царица или клисар.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сѐ уште стои пред онаа продавница за леб на булеварот царица Екатерина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа си е царица на силата, апсанџија со безгласни барабани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Затоа зеле од чергарите машко новороденче и кога царицата се породила тие веднаш ѝ го ставиле во креветот грабнатото чергарче, а новороденчето им го дале на чергарите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На врвот од веселбата Јехуда и Алегра ги креваат заедно со столиците на кои седат и - во ритамот на веселата музика во која се извива звукот на гарнетата што младоженците толку многу го сакаат, сеќавајќи се на нивниот прв заеднички Пурим - ги носат над своите глави, како цар и царица на свадбената свеченост што продолжува...  И никогаш не прекинува да трае.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Ти благодарам, ти си царица на мудроста, навистина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе